Со синоќешните натпревари заврши осминафиналната фаза на турнирот во мал фудбал во Велгошти. Пласман во четвртфиналето обезбедија екипите на Сатеска и Кафе бар 9.

Сатеска со 1:0 ја совлада екипата на Брумел додека Кафе бар 9 по изведувањето на пенали ја елиминира екипата на Камионски делови 3Е партс со 4:2. Во регуларниот дел мечот заврши 1:1.

Денеска е слободен ден,  а турнирот продолжува во четврток со две средби од 1/4 финалето.

01.08.2024 (четврток) ¼ финални дуели
21:30ч Асп Пак – Форт Кафе
22:30ч Кафе бар 9 – Сатеска

Г.М.