Во францускиот град Монако со почеток во 18 часот ќе се одржи ждрепката по која ќе биде познат изгледот на групите на новото издание на најеминетното клупско натпреварување во Европа, Лигата на Шампионите.

Конкуренцијата е голема како никогаш до сега, бидејќи од оваа сезона најдобрите четири лиги (Англија, Италија, Шпанија и Германија) имаат по четири свои преставници во фазата по групи без да играат во квалификациите.

Помеѓу 32-те екипи учесници ќе биде и Црвена Ѕвезда која сензационално го елиминираше австрскиот првак Салцбург. „Црвено белите“ во првиот меч ремизираа без голови, додека реваншот заврши без победник 2-2 и благодарание на головите во гости се пласираа понатаму.

Традиционално, 32-те екипи се поделени во четири шешири и од нив ќе бидат формирани  осум групи по четири екипи. Фазата по групи започнува на 18 и 19 септември во нови термини 19 и 21 часот.

Шеширите:

Шешир 1: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Јувентус, Манчестер Сити, ПСЖ, Локомотив Москва

Шешир 2: Борусија Дортмунд, Манчестер Јунајтед, Порто, Шахјтор, Бенфика, Наполи, Тотенхем, Рома

Шешир 3: Шалке, Ливерпул, Лион, Монако, Ајакс, ЦСКА Москва, ПСВ, Валенсија

Шешир 4: Викторија Плзен, Клуб Бриж, Галатасарај, Јанг Бојс, Интер, Хофенхајм, Црвена Ѕвезда, АЕК

OhridNews