Изминатата ноќ се дефинираше списокот на сите учесници во разигрувањето за титулата, во НБА лигата.

Во Источната коференција првото место го обезбеди Кливленд со ефект од 66 победи и 15 порази а по него следат:Бостон (60-20), Орландо (58-23), Атланта (46-34), Мајами (42-38), Чикаго (41-40), Филаделфија (40-40) и Детроит (39-42)

Во Западната  конкуренција доминираше составот на Лос Анѓелес Лејкерс со ефект од 64 победи и само 17 порази.По него доаѓаат: Денвер (54-27), Хјустон (53-28), Портланд (53-28),  Сан Антонио (53-28), Њу Орлеанс (49-32), Далас (49-32) и Јута (48-33)

Паровите за првото коло дополнително ќе бидат одредени бидејќи до крајот на натпреварите по групи останува уште едно коло.

ohridnews