Нокаут фазата на традиционалнипт турнир во мал фудбал „Петровден 2023“ во Мешеишта, почна синоќа со три интересни натпревари во кои имаше многу голови и спортска драма.
Осминафиланите пресметки ги отворија Вабко Сервис Џуте и Враништа кои го одиграа најефикасниот натпревар. Победи екипата на Вабко Сервис Џуте со 7:1.
Во вториот осминафинален натпревар Брумел загуби од Тороман Мешеишта 0:2.
Крајно неизвесен и драматичен натпревар одиграа минатогодишниот освојувач на тирнирот АСП Пак и Дебрца Експрес. Мечот заврши без победник 2:2, а по изведување на пенали пласман во четвтфиналето обезбеди АСП ПАК со 6:5.
Осминафиналните пресметни продолжуваат вечерва со три натпревари.
Четврток 06.07.2023
20:30 Кафе Бар 9 – Стаклара Исмајлоски
21:30 БЗ Груп Враништа – Еко Шпар
22:30 Сатеска – Ресторан Станица Викса Пром
Г.М.