Најтрофејниот тенисер Рафаел Надал – Диего Себастијан Шварцман односно Новак Ѓоковиќ – Стефанос Циципас се полуфиналните двојки на францускиот трен слем турнир Ролан Гарос.
Надал во 1/4 финалето го совлада Италијанецот Јаник Синер во три сетови, Шварцман скалпот му го зеде на Доминик Тим во маратонски петчасовен натпревар, Ѓоковиќ имаше мали проблеми со Карено Буста кој го доби првиот сет, но ги изгуби следните три, а Циципас квалитетот го потврди со триумфот во три сетови на Александар Рубљев.
Полуфиналните натпревари на францускиот турнир се играат в петок. Први на програмата се Надал – Шварцман, а потоа следува дуелот Ѓоковиќ – Циципас.
OhridNews