Екипите на Пекара Лихнида, Ресторан Бриони, Инсомниа и Ланч бар Пиколо се полуфиналисти на турнирот во мал фудбал „Петровден 2021“. Пекара Лихнида во 1/4 финалето го совлада тимот на Ала Компани со 4-0, Ресторан Бриони славеше со 3-2 над Турист Инжинеринг, Инсомниа со 3-0 беше подобра од Стадион Група, а Лаунч бар Пиколо после изведување на пеналите го елиминираше АСП Пак со 3-2, регуларниот дел заврши 1-1.
- Резултати:
Пекара Лихнида – Ала Компани 4-0
Турист Инжинеринг – Ресторан Бриони 2-3
Стадион Група – Инсомниа 0-3
Ланч бар Пиколо – АСП Пак 1-1 (3-2)
- Двојки 1/2 финале:
21ч Пекара Лихнида – Инсомниа
22ч Ланч бар Пиколо – Ресторан Бриони
OhridNews