Викендов на игралиштата во основните училишта “Св. Климент Охридски” и “Христо Узунов ” се одиграа квалификационите натпревари на турнирот во мал фудбал, на кој учество зедоа 12 екипи составени од 8 играчи на возраст од 12 до 15 години.


На разигрувањето по бод систем во спортската сала во ОУ “Христо Узунов” играа екипите Нипон Графика, Кафе бар БЕКО, Премиер, Пицерија бар ЛУНА, Кинг бурек и Фортуна ЈИК маркет.


Премиер, Нипон Графика, пицерија бар Луна и Фортуна ЈИК маркет обезбедија пласман во полуфиналето кое ќе се одигра следниот викенд.

Турнирот го организира Младински Совет Охрид во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт “СПОРТ ЗА СИТЕ ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ”.

Ohridnews