Екипите на Бел Мерцедес, Мистер И, Санитарија Грини и Златара Бонасера и Адвокатска канцеларија Шајн ќе се борат за двете места во финалето на меморијалниот турнир во мал фудбал „Климент Колески“.

Бел Мерцедес во четвртфиналето со 4-3 го совлада тимот на Фаланга Волино, додека Мистер И после изведување на пеналите го помина Електро Промет (4-3). Санитарија Грини со 3-0 славеше над Казино Мактрикс, а Златара Бонасера и Адвокатска канцеларија Шајн со убедливи 8-1 победи против Александар Фудбал.

Резултати:

Бел Мерцедес – Фаланга Волино 4-3

Електро Промет – Мистер И 3-3 (3-4)

Казино Мактрикс – Санитарија Грини 2-3

Златара Бонасера и Адвокатска канцеларија Шајн – Александар Фудбал 8-1

Двојки 1/2 финале:

21ч: Бел Мерцедес – Мистер И

23ч: Златара Бонасера и Адвокатска канцеларија Шајн – Санитарија Грини

OhridNews