Екипите на АСП Пак, Златара Бени и Ерол, Такси Мече и Сатеска се полуфиналисти на Меморијалниот турнир во мал фудбал кој се одржува во СРЦ „Климент Колески“ во чест на прерано починатиот Градоначалник проф. Јован Стојански.

Во четвртфиналните пресметки, АСП Пак со 2-0 подобар беше од тимот на Адвокатска канцеларија Шајн и Златара Бонасера, Златара Бени и Ерол со 4-0 го совлада Бел Мерцедес, Сатеска тесни 2-1 славеше против Санитарија Грини додека Такси Мече со 4-1 триумфираше со Фаланга Волино.

Полуфиналните натпревари се играат денеска.

Резултати 1/4 финале:

Адвокатска канцеларија Шајн и Златара Бонасера – АСП Пак 0-2

Санитарија Грини – Сатеска 1-2

Такси Мече – Фаланга Волино 4-1

Бел Мерцедес – Златара Бени и Ерол 0-4

Двојки 1/2 финале:

20:30ч Сатеска – Златара Бени и Ерол

21:30ч АСП Пак – Такси Мече

OhridNews