Екипите на Александар Лачоски-Фудбал, АСП Пак, Мистер И и Доктор Баткоски обезбедија пласман во полуфиналето на меморијалниот турнир во мал фудбал на вештачка трева „Климент Колески 2018“.

Александар Лачоски-Фудбал со 4-0 ја совлада екипата на Мешеишта, АСП Пак со 4-2 славеше над Викса Пром, тимот Мистер И со 4-1 подобар беше од Сатеска, а Доктор Баткоски со 4-2 триумфираше против Фаланга Волино.

Во полуфиналните натпревари кои ќе се одиграат в среда со 20:30 односно 21:30 часот ќе се сретнат Александар Лачоски-Фудбал – АСП Пак односно Мистер И – Др. Баткоски. Денеска е слободен ден.

Резултати:

Александар Лачоски-Фудбал – Мешеишта 4-0, АСП Пак – Викса Прм 4-2, Мистер И – Сатеска 4-1, Др. Баткоски – Фаланга Волино 4-2.

Двојки 1/2 финале:

20:30ч Александар Лачоски-Фудбал – АСП Пак

21:30ч Мистер И – Др. Баткоски

OhridNews