Со натпреварите одиграни синоќа заврши фазата по групи на второто издание на хуманитарниот турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“, што се игра во салата „Билјанини извори“.

Резултати среда 30 октомври:

Кафе Бар 9 Струга – Магна 3:4
ЈП Охридски Комуналец – Провелд Метал Дизајн Волино 1:6
АСП ПАК – ОДВ Електрик 5:2
Општина Охрид – Бел Мерцедес 4:5

Пласман во полуфиналето обезбедија од Група А – Инекс Олгица Хотел и СПА, од Групата Б Гостилница кај Мече, од Групата В Провелд Метал Дизајн Волино и од Групата Г минатогодишниот победник на турнирот АСП ПАК.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 5 ноември, вторник во 20:00 часот, а ќе се сретнат:

20:00 Ч. Инекс Олгица Хотел и СПА – Гостилница кај Мече
21:00 ч. Провелд Метал Дизајн Волино – АСП ПАК

Финалето на програмата е на 6 ноември.

Г.М.