Познати се вкупно десет  од 20-те учеснички што ќе играат на Светското првенство, кое од 21 Јули до 3 Август ќе се игра во Македонија, а Охрид ќе биде еден од градовите домаќин.

Трите европски селекциите кои местото го обезбедија без квалификации. Македонија ќе игра на СП како домаќин, Данска и Шпанија се квалификуваа директно од последното ЕП. Унгарија, Германија, Црна Гора, Хрватска, Франција, Романија и Словенија беа најдобри во седумте квалификациски групи во текот на минатиот месец.

Списокот ќе биде комплетиран со селекциите од Африка, Пан-Америка, Азија и Австралија по што ќе се знаат сите земји кои ќе допатуваат на Мундијалот.

Женската јуниорска репрезентација на Македонија в недела, ќе го има својот прв собир во пресрет на подготовките за Светското првенство коешто од 21 јули до 3 август ќе се одржи кај нас.

Во составот на селекторот Георгиевски се наоѓаат вкупно 25 девојки коишто ќе бидат во комбинација и понатаму за тимот што ќе не претставува на Мундијалот.

ohridnews