Трета година по ред Младински Совет Охрид во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт “Спорт за сите – здравје за сите“ организираше Турнир во мал фудбал 2010 година.


На турнирот учество зедоа 14 екипи од основните и средните училишта од Охрид. По одиграните елиминациски натпревари во групната фаза на отвореното игралиште во О.У. „Христо Узунов“,  полуфиналните и финалните натпревари се одиграа во спортската арена „Билјанини извори“.


Во конкуренција на средношколците победи екипата на Гимназија – Пупе компани која во финалето го победи Рапо компани со 6-3. Трето место заврши Угостителско – Ванчо Питошески.


Во конкуренцијата на основците победи Десарет кој во финалето по подоброто изведување на пенали го совлада Џорго. Трета заврши екипата на О.У. „Кочо Рацин“.

OhridNews