Бранителот на трофејот Скопско ремизираше играјќи 3-3 со екипата на Спарадајз. Спарадајз беше во предност во поголемиот дел од натпреварот. на голот на Маркоски одговори Митрески , додека на голот на Перески одговори со резултат 2-2 се замина на одмор. 


 

По пет минути игра во вториот дел Матески го врати Спардајз во предност, додека со голот од пенал на Ѓоршески во финишот на мечот беа поставени конечните 3-3.


Ликвид стигна до првата победа на турнирот откако со 7-0 го совлада МСО. Во првото полувреме погодија Шазиман, Миминоски и Рамиз , додека во вториот дел еднаш погоди Миминоски, а последните три гола беа дело на Димоски.


Нашата екипа е најмлада на турнирот и ние го плативме цехот на неискуството – вели Катерина Стојаноска единствената девојка тренер на турнирот.



На врвот на табелата во А групата со изедначен број на бодови по пет се екипите на Ликвид, Спарадјз и Скопско.


Во случај на ист број на бодови на три екипи се прави мини табела во која влегуваат резултатите од меѓусебните натпревари, по што се добива конечниот редослед.

Резултати :
Скопско – Ликвид      2-2
Спарадајз – Ликвид   1-1
Скопско – Спарадајз  3-3

Мини табела :
1 Скопско      2 0 2 0 5-5 2
2 Спарадајз   2 0 2 0 4-4 2
3 Ликвид        2 0 2 0 3-3 2   

Ohridnews