На ученичкиот литературен конкурс за најдобра поетска творба, распишан по повод 8-ми Декември – „ Св Климент Охридски“ – Патрон на градот, за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение), наградата ја добива творбата со шифра „ Елза“, за учениците од предметна настава (од шесто до деветто одд.) наградата ја добива творбата со шифра „ 2602“ и за ученици во средно образование (од прва до четврта година), наградата ја добива творбата со шифра „Торжество“.

Вака одлули жири комисијата составена од професорите Славе Ѓорѓо Димоски, Лилјана Ставреска и Ирена Бачиќ.

Добитниците на наградите најдоцна до 06.12. 2018 г (четврток) за да го докажат авторството, со четвртиот примерок треба да се пријават во Општина Охрид во Одделението за култура.

Наградите ќе бидат врачени на свеченоста што ќе се одржи на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ на 08.12.2018 година ( сабота ), со почеток во 11 часот, информира локалната самоуправа.

OhridNews