Политичките партии плакатите за претстојните парламентарни избори во Охрид ќе можат бесплатно да ги лепат на две локации кои ги одреди локалната самоуправа. Плакати ќе можат да се лепат на оградата кај хотелот Палас и  на паноата кај ОУ „Григор Прличев“.

Државната изборна на седница одлучи да побара известување од одговорните лица од 84-те општини и градот Скопје дали определиле места за лепење изборни плакати без надоместок за секој подносител на листа одделно, соопшти  ДИК.

Од Комисијата најавуваат дека со оглед на тоа што рокот за определување на таквите места изминал на 18 април, Комисијата ќе поднесе прекршочна пријава против сите одговорни лица во општините што тоа не го направиле.

ohridnews