Вила Свис – Брник ќе играат во финалето на осмиот меморијален турнир во мал фудбал Стефан Толески во Пештани.


Во полуфиналните пресметки Вила Свис го победи Бел Мерцедес на пенали со 2-1. Во регуларниот дел мечот заврши 2-2. Битолски Брник беше подобар од Г.П. Малче од Струга со 7-6.


Финалниот натпревар се игра во четврток во 21.30 минути. Претходно од 20 часот се игра малото финале, а ќе се одигра и еден ревијален натпревар меѓу фудбалската школа Фер Плеј и Таленти.


Покрај паричните награди за најдобрите четири на турнир ќе бидат доделни и традиционалните награди за најдобар играч, најдобар голман,најдобар стрелец, најдобар тренер, фер плеј екипа и фер плеј играч.


М.П.