Познати се шесте екипи учесници на 43-то издание на меѓународниот ракометен турнир во Струга, кој ќе се одржи од 12 до 15 август.
Годинава бранителот на трофејот Металург е единствена македонска екипа откако националниот првак Вардар го откажа учеството.
Ривали на „металурзите“ во Струга ќе му бидат турскиот Бешикташ, португалската Бенфика, Динамо Букурешт од Романија, францускиот Сесон и селекцијата на Саудиска Арабија.
– Го продолжуваме трендот на квалитетни екипи учесници кој го држиме неколку години наназад. Го поканивме и македонскиот првак Вардар, но тие имаат други планови и го откажаа учеството. – рече Сашо Србиноски прв човек на турнирот за Спортмедиа.
Од организациониот одбор се надеваат дека за 43-от турнир ќе завршат со градање на трибина со капацитет од 1 200 седишта и подтрибински простор.
Ohridnews