Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо е добитник на највисокото општинско наградата свети Климент Охридски што традиционалнио се доделува по повод 8 декември празникот свети Климент Охридски-патронот на Охрид .
Наградата како што соопшти Комисијата за одбележување празници, манифестации и доделување награди и признанија и се доделува на една од најстарите здравствени организации во земјва за подемот и развојот во изминатите 56 години низ кои таа израсна во современа и модерна болница која денес во својата работа ги применува најсовремените светски методи на лечење..
Комисијата додели и три повелби на Катерина Бачоска -музички уметкик од Охрид, на манифестацијата “Поетска ноќ во Велестово“ и на ПП “Лескоп“ за реконструкција на охридската гимназија.
Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на свечената Академија што ѓе се одржи утревечер.