Објавени деталите за хуманитарна трка „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани“ која ќе се одржи на 7 мај со почеток во 12 часот во организација на СОСУ „Св.Кирил и Методиј”-Охрид во соработка со ЈП „Билјанини извори”-Охрид.

Трката ќе се одвива на потегот од почетокот на кејот пред „Харбор’’ до „Куба Либре“, со должина од 3 км. Средствата ќе бидат наменети за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. Трката ќе биде во категории ученици, наставници и родители, посочуваат организаторите.

Програмата ќе започне во 11.00 часот со кратка програма и загревање на учесниците. Кутиите за донации ќе бидат поставени во должина на кејот Македонија.

Сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од хуманитарната трка може да се пријавата на линкот или во просториите на училиштето.

Подигнување на стартни броеви е на 5 и 6 мај од 8.00 часот до 17.00 часот во училишниот двор на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид.

OhridNews