Познати се четвртфиналните двојки од разигрувањето за титулата: С.Пелистер – Овче Поле и АМАК СП – МЗТ Скопје. Овие натпревари ќе се играат во два освоени поени, по принципот дома – гости.

Бидејќи битолчани во четирите круга од регуларниот дел, во дуелите со Овче Поле, имаат четири победи, тие во четвртфиналето ќе стартуваат со еден освоен поен,

Bо втората четвртфинална двојка АМАК СП – МЗТ Скопје изедначен е скорот на победи – по две поради што и двата тима ќе стартуваат од нула.


Победниците од овие натпревари ќе играат во полуфиналето, каде дирекно учество обезбедија екипите на Фени Индустри и Ф.Работнички. Полуфиналето ќе се игра во серијата подобар од три, додека финалето во подобар од четири.

М.П.