Екипите на АСП Пак, Вила Хармони, Бел Мерцедес и Брник Битола им се придружија на Вис Пој, Сопотница, Мистер И и Црна Река во 1/4 финалето на меморијалниот турнир „Климетн Колески“.


Голема борба ги одбележа четирите мечеви кои беа на програмата. АСП Пак со 5-3 славеше над Сатеска Деадор, Вила Хармони со 2-0 го совлада тимот на Ла Тераса.

„Мечките“ со 4-0 поуспешни беа од Еко Шпар, а четвртфиналистите ги комплетираше Брник со победата над Кафе бар Шила (5-2).

Резултати:

АСП Пак – Сатеска Деадор 5-3

Ла Тераса – Вила Хармони 0-2

Бел Мерцедес – Еко Шпар 4-0

Брник Битола – Кафе бар Шила 5-2

Двојки 1/4 финале:

Петок:

21ч. АСП Пак – Сопотница

22ч. Мистер И – Црна Река

Сабота:

21ч: Брник Битола – Вила Хармони

22ч. Бел Мерцедес – Вис Пој

OhridNews