Ждребката во бараж натпреварите за Втората лига беше немилосрдна и на мегдан ги однесе некогашните стабилни прволигаши Победа – Беласица.
Се уште активниот член на Втората лига, Еуромилк за второлигашки живот ќе се бори со Зајас додека шампионот од југо-западниот регион, Велешта ќе игра против Љубанци.
Натпреварите се играа на 3 и 7 јуни, а дополнително ќе бидат одредени стадионите домаќини на мечевите.
Двојки : Победа – Беласица, Зајас – Еуромилк, Љубанци – Велешта.
Мх.П.