Познатата југословенска и српска актерка Неда Арнериќ(63) е тешко повредена при пад од тераса на својот стан во Белград, јавуваат српските медиуми.

Неда Арнериќ вчеравечер, околу 22:20 паднала на лимен покрив на локалот во приземјето на зградата во која живее, по што со тешки повреди е префрлена во Ургентниот центар во Белград. Актерката, како што наведуваат медиумите, има фрактури на вратниот, градниот и лумбалниот дел на карлицата и е сместена на Одделот за интензивна нега.

Според српските медиуми, сопругот на Неда изјавил дека актерката вчера се вратила од работен состанок поврзан со снимање на серија. Заедно го изгледале мечот на Џоковиќ на телевизија, по што таа отишла на тераса да стави алишта на сушење по што сопругот слушнал дека таа паднала.

OhridNews