Работата на капиталните археолошки локалитети во Охрид ќе продолжат со зголемен интензитет најави директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. И годинава најмногу ќе се работи на Плаошник и на локалитетот Градиште, но ќе се идтражуваат и други вредни археолошки наоѓалишта.

Продолжуваат  истражувањата на Плаошник, а археолозите интензивно ќе работат на просторот меѓу црквата и ранохристијанската базилика, каде што наесен ќе бидат поставени темелите на Светиклиментовиот универзитет, вели Кузман во изјава за весникот „Дневник“. Сите останати проекти ќе почнат за десетина дена.Веќе решивме каде да го поставиме Светиклиментовиот универзитет, според археолошките показатели. Објектот ќе има форма на лак. Зад него, во ист ред ќе бидат клоновите на светските универзитети „Кембриџ“, „Принстон“, „Болоња“ и други – објаснува Кузман.


И годинава интензивно ќе се работи на Плаошник

Во април ќе продолжат ланските ископувањата на Плаошник, на подрачјата што останаа недоистражени. Екипа веќе работи и на калето кај кампот Градиште, на Охридско Езеро. Ископувањата се концентрирани на римската населба која треба да биде поврзана со реконструираната неолитска населба на вода, најави Кузман.

ohridnews