Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, одлучи со кои 16-мина ќе се спротивстави вечер (почеток 20:15 часот) на Луксембург.
Во изборот на Лазаров се најдоа: Никола Митревски и Марко Кизиќ (голмани), Игор Ѓорѓиев, Марко Митев, Филип Талески, Никола Маркоски, Филип Кузмановски, Ненад Костески, Гоце Георгиевски, Михајло Младеновиќ, Жарко Пешевски, Томислав Јагуриновски, Михаил Аларов, Петар Атанасиевиќ и Мартин Серафимов.
Овој натпревар е од претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство 2024. Победа на „црвено-жолтите“ против Луксембург ќе значи голем исчекор кон обезбедување учество на ЕП 2024 во Германија.
OhridNews