Осминафиналето на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта почнува во петок, а познат е и костурот на елиминациските средби до крајот на турнирот.

Први на мегдан излегуваат бранителот на трофејот АСП ПАК и Бомбаши, по што следат дуелите помеѓу Сатеска и Мешеишта, односно Др. Баткоски – Дооел Ноче.

Распоред 1/8 финални натпревари:

Петок 05.07.2024
20:30 Асп Пак – Бомбаши
21:30 Сатеска – Мешеишта
22:30 Др. Баткоски – Дооел Ноче

Сабота 06.07.2024
20:30 Брумел – Вис Пој
21:30 Виена Комерц – Ресторан Станица Викса Пром
22:30 Кафе Бар 9 – Рента Кар Кико

Недела 07.07.2024
21:00 Бел Мерцедес – Дипсакус Вевчани
22:00 Инекс Олгица – Еко Шпар

Четвртфиналните средби на програмата се на 8 и 9 јули, полуфиналето на 10 јули, а натпреварите за медали се играат на Петровден, 12 јули.

Г.М.