Попладнево е извршена жрепката за светското клупско првенство во фудбал, кое од 8 до 18 декември ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати.


Клупскиот шампионат ќе го отворат домаќинот Ал-Вахда и Хекари Јунајтед од Папуа Нова Гвинеја. Овие две екипи во меѓусебен дуел ќе го дадат патникот во четвртфиналето. Победникот од овој натпревар во понатамошниот тек од турнирот за противник ќе го има шампионот на Азија.

Во полуфиналето, првакот на Европа Интер ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу шампионот на Азија и Ал-Вахда или Хекари Јунајтед.

Втората четвртфинална двојка ја формираа шампионот на Африка и Пачука од Мексико. Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе му се спротистави на шампионот на Јужна Америка, Интернасионал од Бразил.

“извор Макфакс“
OhridNews