ФИБА Европа го одреди натпреварувачкиот систем за квалификациите за Европското Првенство во Полска 2009 година.

Актуелниот европски шампион Русија, домаќинот Полска, како и селекциите на Шпанија, Литванија, Грција, Германија, Хрватска и Словенија, директно се квалификуваа на завршницата на ЕП.

Македонија, заедно со уште 16 селекции, кои се членови на “А“ Дивизијата, ќе учествуваат во квалификациите. Најзвучни имиња меѓу 17 селекиции кои ке се борат за место на ЕП се Франција, Италија, Србија и Турција кои ке бидат носители на групите .

Првиот квалификациски циклус, предвидува 17-те  селекции да бидат поделени во три групи со 4 репрезентации и 1 група со 5 репрезентации.Четирите победници на групите и трите најдобри второпласирани селекции обезбедуваат место на завршницата на ЕП.

Преостанатите 10 селекции ќе разигруваат дополнително за последното преостанато место на ЕП, како и за опстанок во “А“ Дивизијата во 2009 година.Ждрепката за квалификациските групи ќе се одржи на 16 февруари 2008 година во Венеција.

[email protected]