Со трката во Австралија на 29 – ти март и официјално ќе започне следната сезона во Формула 1 натпреварувањето. Според челниците на ФИА следната сезона ќе брои 19 трки, а има измени и во планот, па така трката за ГН на Турција, место петта ќе биде единаесетта.

Со оваа промена, веднаш по Шпанија, која е четврта следната сезона, а беше на истото место и годинава, ќе следува Монако, потоа Канада. Местата ги сменија Велика Британија и Франција, а истото се случи и со Италија и Белгија.
 
Се очекува во 2010 година, конечно да биде вклучена и трката во САД; по што бројот на трки би се зголемил на дваесет.
 
Комплетниот распоред:

29.03.2009  Австралија
05.04.2009  Малезија
19.04.2009  Бахреин
10.05.2009  Шпанија
24.05.2009  Монако
07.06.2009  Канада
21.06.2009  Велика Британија
28.06.2009  Франција
12.07.2009  Германија
26.07.2009  Унгарија
09.08.2009  Турција
23.08.2009  Европа (Валенсија)
06.09.2009  Италија
13.09.2009  Белгија
27.09.2009  Сингапур
11.10.2009  Јапонија
18.10.2009  Кина
01.11.2009  Бразил
15.11.2009  ОАЕ

ohridnews