Охрид наскоро ќе добие модерен шопинг центар во кој ќе инвестира познат европски трговски ланец, дознава „OhridNews“. Шопинг центарот ќе се протега на површина од околу 1500 метри квадратни во строгиот центар на градот во Стоковната куќа „Чинар“, во јавноста позната уште и како стара Нама. За таа цел ќе бидат инвестирани значителни средства во адаптирање на просторот. 

Влезот на познатиот трговски бренд во Охрид, се очекува наскоро да биде официјализиран. Тоа ќе биде прва голема странска инвестиција од областа на трговијата со текстил и облека во градот.

Очекувањата се дека најавената инвестиција ќе донесе нов квалитет и ќе ја збогати понудата на најголемиот туристички центар во земјата, што позитивно ќе влијае на локалната економија.

OhridNews