Неколку дена после завршување на сезоната во НБА лигата се појави потенцијален датум за почеток на новата која би требало да стартува следната година.
Поранешниот потпреседател на Мемфис и сегашен новинар во весникот „The Athletic“ го именуваше 18 јануари како можен датум за почеток на новата сезона. 18 јануари е Денот на Мартин Лутер Кинг и е прогласен за национален празник.
Поместувањето на крајот од минатата и почетокот на новата сезона настана поради паузата поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Екипите минатата сезона ја завршија во популарен „балон“ во кој беа сместени сите кошаркари, без право на излез или посета.
Титулата следната сезона во НБА лигата ќе ја брани Лос Анџелес Лејкерс. „Езерџиите“ во големото финалето го совладаа Мајами со 4-2 во победи.
OhridNews