Бидејќи во Јапонија лудуваат по КитКат чоколадите, компанијата Нестле одлучи по повод Божик, во декември, на тој пазар да лансира специјална, „позлатена“ верзија од популарниот десерт. Како што пренесуваат агенциите, чоколадните вафли прекриени со тенки листови злато ќе чинат нешто повеќе од 15 евра, а само околу 500 чоколатчиња ќе бидат пуштени во продажба.
Нестле, исто така, ќе организира и игра на среќа, во која победникот ќе освои КитКат табла од 230 грама злато, вредна 7500 евра. Швајцарската компанија ги уверува сладокусците дека златото нема да го промени познатиот вкус на омилениот десерт на голем број јапонци. На јапонскиот пазар се достапни близу 200 различни врсти КитКат чоколатчиња.