Своевремено во гимназијалските денови актуелниот охридски градоначалник Александар Петрески бил вљубеник во одбојката. Негова омилена позиција била играта на мрежа.

Играв на сите позиции, но омилена ми беше позицијата на мрежа. Тогаш бев висок 185 цм и тежок 75 кг. па бев доста подвижен на теренот. Под водството на чичко Жижи, Јас,  Славе рачката,  Кире, Драги, Мичо, Кољче бевме незапирливи во нашата конкуренција  – се потсетува Градоначлникот.

Сигурен сум дека таа генерација се радува на овие повторни почетоци на одбојката. 

М.П.