Каква позиција ќе имаат на гласачкото ливче кандидатите за градоначалници и советници, ќе се знае на 23 февруари кога ќе биде извршено и ждребувањето, соопштија од  Општинската изборна комисија во Охрид.

Во определениот законскиот рок се поднесени 6 кандидатури за градоначалник, сите од политичките партии.

Општинската изборна комисија вчера работеше на потврдувањето на листите за советници. Поднесени се вкупно 19 листи, од кои 12 се составени од политичките партии, а останатите се независни листи.

Како што соопштија од комисијата, од вчера започнаа да им се врачуваат и решенијата на членовите на избирачките одбори во 73 гласачки места во Охрид.

Ohridnews