Единаесет реномирани и признаени компании во нашиот град и земјата изминативе два месеци активно учествуваа во Бизнис лигата во мал фудбал во организација на ЈП „Билјанини Извори“.

Титулата од Бизнис лигата замина кај екипата на ЛТХ Леарница, која во финалето со 2-0 го совлада тимот на Жито Леб. Бронзеното одличје му припадна на Хотел Метропол, додека четврти финишираше ЈП Охридски Комуналец. 

– Бизнис лигата во мал фудбал помина во знакот на спортот и неговиот дух. Уште еднаш покажавме дека имаме искуство и кредибилитет за организирање на добри настани за нашиот град. Позитивните впечатоци во текот на Бизнис лигата и после нејзиното завршување ќе биде мотив повеќе за нас за нешто поголема во втората половина од годината. – изјави директорката на ЈП „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска.

Збиднувањата на теренот од трибините будно ги следеше Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, кој час подоцна заедно со директорката Јованоска ги крунисаа најдобрите во Бизнис лигата.

Фото-галерија:


ЛТХ Леарница, победник на Бизнис лигата во мал фудбал.

OhridNews

ЛТХ Леарница триумфираше во Бизнис лигата во мал фудбал во Охрид