Младинската екипа на Охрид го освои четвртото место на турнирот во Златибор на кој учествуваше и женскиот ракометен клуб Лихнид како и екипи од целиот Балкан.
Охриѓани победија два од четирите натпревари, но на преостанатите два претрпуваа порази со еден гол разлика.
Младинците од охридскиот ракометен клуб оставија добар впечаток на турнирот и собраа драгоцено искуство за предизвиците кои престојат.
Во генерацијата каде се натпреваруше Охрид за најдобар асистент прогласен беше Мартин Иваноски.
Резултати:
Охрид – Славија Сараево 13-14
Ужице – Охрид 16-17
Охрид – Арилје 14-13
Охрид – Слога Пожега 15-16
OhridNews