Угнетувањето на македонскиот народ од окупаторските вјски на соседните држаи и нивните поданици и братоубиствената војна во периодот пред Букурешкиот договор се прикажани во најновото филмско остварување „Последниот Македонец – Битка до истребување“ на режисерот од Охрид Илија Пиперкоски. Филмот премиерно беше прикажан изминатиот викенд на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. Во него се прикажани убиствата на македонските војводи и распарчувањето на Македонија со Букурешкиот договор.

Филмот „Последниот Македонец“ предизвика позитивни критики и силни емоции, дотолку повеќе, како што велат луѓето вклучени во овој проект, што приказната која е сместена пред повеќе од 100 години е актуелна и денес, во кoнтекст на политичките случувања во земјата.

Фокусот на филмот е ставен на предавниците на македонскиот народ како Јован Бабунски од велешко, кој работел во полза на Србија и војводата Коте од Руља кој бил под грчко влијание и други.

Филмот е исполнет со потресни сцени кои го прикажуваат патењето на македонскиот народ во турбoлентниот историски период.

-Синдромот на самоуништување е предизвик и по сто години. Ние цело време сме поделени кој е гркофил, србоман, бугарофил? Зошто да градиме друга држава кога можеме да ја градиме нашата? – истакна на премиерата режисерто Пиперкоски, пренесува „Дневник“.

Процунт на филмот е Снежана Лупевска Созен, која идејата ја добила на стогодишнината од Букурешкиот договор. 

-Ова не е филм за да го заборавите кога ќе си одите дома, туку да се навраќате на него и да се запрашате зошто се убивале едни со други, зошто едниот брат бил со Грците, другиот за Бугарите, а третиот за Србите.-истакна Лупевска Созен.

Според најавите филмот „Последниот Македонец“ ќе биде прикажан и на други фестивали во Европа, а ќе го види и пошироката публика во земјата.

OhridNews