Испитувањата на членовите од фудбалските екипи на Ренова и Шкендија не поминаа во најдобар ред, откако од лаборатаријата на Аџибаден Систина потврдија позитивни тестови на вирусот Ковид -19. Четири позитивни случаи има во Ренова додека два се во Шкендија.
За жал немаме убава вест. По вчерашните тестирања во двата тетовски клуба ФК Ренова и ФК Шкендија имаме позитивни случаеви на Ковид -19. По повторената анализа во лабораторијата на Аџибаден Систина за жал имаме позитивни случаји. Информацијата ја имавме уште касно синоќа но чекавме повторена анализа. Затоа денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани. Имињата на заразените се уредно доставени до ФК Ренова и ФК Шкендија во текот на денот. Позитивните на Ковид 19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин. – инфомираа од Синдикатот за фудбалери.
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за продолжување на сезоната, но не се знае што ќе се случи после најновите позитивни случаи во Ренова и Шкендија. Во текот на следните денови ќе се тестираат останатите екипи од Првата лига или ќе бидат објавени резултатите од тестирани екипи.
OhridNews