Во Њу Јорк, градот во кој никогаш не се спие, патниците на подземната железница не се вознемириле премногу поради соблекувањето на Жоселин Сандал (19) на сред вагон. Девојката била гола триесеттина секунди позирајќи за фотограф, а повеќето патници воопшто не сватиле за што станува збор.


Станувало збор за фотографот Зек Хајман кој по цел Њу Јорк фотографирал голи девојки. Иако снимањето на провокативни фотографии е забрането него полицијата сеуште го нема уловено на дело. Моделите кои ги фотографирал биле волонтерки кои веруваат во уметност. Минатата седмица ги изложил своите фотографии на изложба во Менхетн.