Големиот пожар што ненадејно избувна во струшкото поле на излезот од градот кон Дебар, вчера околу 17:30ч. е ставен под контрола. Во огнената стихија која се закануваше да ги зафати објектите од индустрииската зона и куќите од селото Мороишта изгоре едно возило џип со скоспски регистарски таблички и една барака во близина на бензинската пумпа.


граѓаните се обидуваа сами да го изгаснат пожарот

Пожар веќе четврти ден беснее кај Ќафасан. Огнот кој зафати над   100 хектари дабова и борова шума синоќа започна да се шири кон запад паралелно со патот кон Струга. Огнот гори во непосредна близина на граничниот премин со Албанија и селото Радожда а дополнителен  немир кај локалното население и туристите внесува тоа што во селото од вчера попладне  нема струја. Таа намерно е исклучена поради тоа што далноводите кои се под висок напон минуваат низ опожареното подрачје.


состојбата кај Ќафасан е критична

Гасењето на пожарот го отежнува и ветрот кој претставува опасност и за пожарникарите.
Покрај струшките пожарникари во гасењето на пожарот учествуваат и екипи на  ППЕ Охрид , шумско сатопанство, НП Галичица, Цивилната заштита и јп-ја, но нивниот број не е е доволен, бидејќи во струшко беснее и трет пожар во атарот на село Бороец. Таму горат над 50 хектари шума, а во гасењето учествува и локалното население.

Градоначалникот на Струга Рамиз Меко за справување со огнената стихија  побара помош од општина Охрид и јавните претпријатија и упати апаел до сите граќани над 18 години да се вклучат во гасењето на пожарите во струшко.

Г. Момироски