Пожарот кој вчера избувна и зафати ниска вегетација во Општина Демир Хисар, на Илинска Планина во реон помеѓу с.Слоештица и с.Брежани и с.Плаќе е сеуште активен, но под контрола, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола е пожарот на отворено и се настојува да се доведе во фаза на локализирање за потоа и да се изгасне – ликвидира. Дејствуваа од воздух, два „ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, тим од 4 пожарникари на ТППЕ и 14 припадници на ЈП „Национални шуми, велат од ЦУК.

Во текот на вчерашниот ден пожарот се гасеше како од земја, така и од воздух, при што видливи беа двата „ер трактори“ кои полнеа вода цело попладне од Охридско Езеро.

OhridNews

фото. ТППЕ Охрид