Огнената стихиjа во Македонија полека стивнува, но сеуште има активни пожари. Еден од нив беснее на планината Галичица.
Огнот се пренесе од Албанија и сега претставува опасност за флората и фауната во националниот парк Галичица.
Поради непристапноста на теренот пожарот го гасат хеликоптери на армијата. Тие вода полнат од Охридското Езеро, а гориво полнат во Центарот за обука на вода каде ги направивме овие фотографии.
пожарот на Галичица се гаси со хеликоптери
Г.М.