Северозападната страна од пожарот на планината Галичица на македонска територија, е под контрола. Критично останува на југоисточната страна, на албанска територија, од каде пожарот напредува кон македонска територија.
Побарано е вклучување на летала за воздушна поддршка со цел да се спречи проширување на пожарот на македонска територија.
Пожарот на Галичица кој гори петти ден на тешко пристапен терен на над 2000 метри надморска височина, има зафатено приземна вегетација и смрека.
Г.М.