Пожарот на Галичица е се уште активен, информираат од НП Галичица. Моментално на терен се тимови од НП Галичица од НП Преспа и од Планинската спасителна служба Охрид.
Утринава пожарот беше комплетно стишан, информираа од ЦУК Охрид, и тимовите од службите се упатиле кон теренот за да се набљудува, и за да се интервенира по потреба.
Од информациите од лице место од Планинската спасителна служба, екипи од НП Галичица пристапиле од долната страна и се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Тимовите на ПСС, сѐ уште го набљудуваат развојот од безбедна далечина, но за жал, со покачувањето на температурите и ветрот кој дува константно, пожарот повторно се разгорува ,информираат од Планинската служба.
Гаснењето на пожарот е комплицирано бидејќи се работи за непристапен терен.
Од ПСС најавија дека дополнително ќе се приклучи уште еден тим кој ќе обезбеди логистичка поддршка за останатите екипи на терен.
Пожарот на Галичица се уште активен
К.А.
Фото и видео: Планинска спасителна служба