Пожарот кој избувна вчера околу 18 часот и зафати деловен објект кој се наоѓа на патот Охрид- Струга, целосно е ликвидиран во 1 часот утрово. Како што информираат од струшката Противпожарна служба, околу 22 часот пожарот бил локализиран, но целосно изгаснат три часа подоцна. Во гаснењето активирани беа сите екипи од струшката и охридската противпожарна служба.

Нема човечки жртви, но причинета е голема материјална штета чија висина дополнително треба да се процени. И во текот на денешниот ден противпожарни екипи вршат увид на местото и објектот.

OhridNews