Пожарот кој пред два дена зафати поголема површина ниска вегетација, кај Прентов мост на три километри оддалеченост од охридското село Куратица, е ставен под контрола, информираат од охридската Противпожарна служба.
Дванаесет пожарникари со две возила, потпомогнати од месното население и вработени од Подрачното шумско стопанство Галичица успеаја да го изолираат пожарот и стават под контрола и се очекува во текот на денот тој целосно да биде изгаснат.
OhridNews