Рано утрово два хеликоптери се вклучија во гаснењето на пожарот што четврти ден беснее во шумите над селата Опеница, Косел, Вапила,  Куратица и Расино.

Хеликоптерите црпат вода од Охридското Езеро и ја испиштаат на критичните места зафатени од пожарот кои се во тешко пристапни предели.

Дополнително се дејствува и од земја и механизација кои прават земјени појаси си цел да спречат ширење на огнот.

Чадот од пожарите ноќеска силно се чувствуваше во Охрид,  мерната станица на МЖСПП покажа двојно поголема концентрација во воздухот на штетните ПМ 10 честички.

Пожарот кај Опеница се гаси од воздух

Г .М.