Еден британаски крадец се обидел да провали во една куќа во Лондон околу два часот на пладне. Меѓуота заглавил во прозорецот кој бил со димензии 20 на 30 сантиметри. Задникот и нозете останале да му висат надвор, додека со предниот дел од телото бил во куќата. Така го затекнал сопственикот додека влегувал во својата куќа.


Полицијата, пожарникарите и брзата помош пристигнале и морале да го спасуваат крадецот. Соседите се насобрале и се забавувале на негова сметка. Му ставиле лисици и го однеле во полиција. Го уапсиле за обид за кражба и го привеле.