Денот на пожарникарството во Македонија, 20 мај, утре на пригоден начин ќе се одбележи и во ППЕ- Охрид.

За прв пат по десетина години одбележувањето на овој ден во Охрид ќе има значајна содржина која  ке ја демонстрира подготвеноста на пожарникарите за противпожарни интервенции. Станува збор за показно-тактичка вежба при импровизирана противпожарна интервенција во опасни ситуации која ке се одржи со почеток во 12 часот во кругот на Пожарната. Во вежбата ќе земат учество и инструкторите-пожарникари од Велика Британија и Франција кои спроведуваат обука на охридските пожарникари  во склоп на донацијата вредна 300.000 евра од мегународната асоцијација „Флоријан“. Оваа вежба, покрај гостите, можат да ја следат и граѓаните што ќе значи и своевидна поддршка за пожарникарите во нивното обучување.  

Во склоп на донацијата е и противпожарното возило кое во Охрид е допремено пред десетина дена, а утре во 13 часот, во рамки на одбележувањето на Денот ќе биде свечано предадено на градоначалникот Александар Петрески од страна на претставникот на „Флоријан“.

Охридските пожарникари ќе го одбележат денот и со изразување на својата хуманост. Тие, од 14 часот, во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ доброволно ќе даруваат крв.

Ohridnews